еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се 10. општини во кои се избрани градоначалници во првиот круг

Завршено е броењето на гласовите и во првиот круг избрани се градоначалници на десет општини: Градско, Дојран, Центар Жупа, Богданци, Виница, Валандово, Зрновци, Могила, Пласница и Липково, покажуваат досегашните податоци објавени на онлајн апликацијата на Државната изборна комисија (ДИК).

Во прв круг избрани се: Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите, Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со 53,21% од гласовите, Аријан Ибраим од ДПТМ за градоначалик на Центар Жупа со 71,16%.

Во прв круг за градоначалник на Богданци е избран Блаже Шапов од СДСМ со 50,70% пред Марјан Пеев од ВМРО-ДПМНЕ со 41,65% од гласовите, на Виница, Миле Петков од ВМРО-ДПМНЕ со 55,39% пред Ивица Димитров со 39,14%, на Валандово, Перо Костадинов од СДСМ со 57,73% пред Тони Узунуов од ВМРО-ДПМНЕ со 37,32%, на Зрновци, Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ со 54,54% пред Виктор Анѓелов со 40,57%, на Могила, Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ со 57,28% пред Јасмина Гулевска од СДСМ со 36,81%, на Пласница, Алија Јаоски од ДУИ со освоени 76,65% пред Абдулваит Карамалески од ДПТМ со со 20,64% и на Липково е избран кандидатот на ДУИ, Еркан Арифи со 72,59% пред Арсим Идризи од АА/А со 17,04% од гласовите.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ветото од Бугарија останува, нема старт на преговорите со Македонија

Редакција

Максим Ацевски предложен за главен државен ревизор

Редакција

45,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција