еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Неделава најверојатно ќе имаме почеток на есенскиот бран

Ви ја пренесуваме последната анализа на професорот Дејан Трајковски, кој редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

“16.10.2021. Слично како на почетокот на септември, забележуваме застој во намалувањето, па дури и благо зголемување на дневниот број на случаи.

На првиот дијаграм забележуваме дека е пробиена линијата на досегашниот надолен тренд (зелената линија) и воспоставена е нова, благо нагорна линија на новиот тренд (со виолетова, а за прилепчани љиљакова боја).

Ако во средата зголемениот број укажуваше на евентуално надоместување поради празникот 11. Октомври, наредните денови потврдија дека не станува збор за тоа.

Стапката на позитивни тестови, исто така, започна да се зголемува, што значи дека вирусот започнува полека да забрзува со ширењето, како што заладува времето и луѓето поминуваат повеќе време во затворен простор (црвената линија на вториот дијаграм).

Ќе видиме дали покачувањето на температурите наредната недела ќе може да го сопре овој тренд.

Во секој случај, на среден и долг рок ни претстојат пониски температури, па преносливоста може само да продолжи да расте.

Ако на почетокот на септември порастот на преносливоста се случи заради почетокот на учебната година, сега имаме уште еден неповолен фактор повеќе, односно заладувањето на времето.

Третиот фактор, падот на ефективноста на вакцините против заразување, настапува побавно, но на среден и долг рок и тој ќе ќе има негативно влијание.

Само малиот, празничен број на тестирања ги задржа континуираните индикатори во надолен тренд (на пример подвижната средина на дневниот број на случаи, прикажан со портокалова линија на првиот дијаграм).

Но, ефективниот репродукциски број Rt = 1,08 ± 0,50, иако само минимално над единица, покажува остар пораст (на третиот дијаграм).

Можеби најубедлив доказ дека сме на почетокот на ново искачување е фазниот портрет I-T (активни наспроти вкупно случаи, на четвртиот дијаграм).

Се чини дека завртувањето нагоре не е случајно и многу потсетува на завртувањето околу случајот број 156.000, т.е. почетокот на ширењето на Делта сојот.

Порастот на активните случаи најверојатно не се должи на натрупувањето на заборавени отворени случаи, бидејќи моментално тие редовно се затвораат, со просечно време од 20 дена од отворање до затворање.

Многу малку надеж за намалување на броевите оставаат подвижните средини на дневниот број на случаи (брзата и бавната, на петтиот дијаграм), коишто кажуваат дека технички сé уште сме во надолен тренд.

Но, ако брзата подвижна средина (црвената линија) ја пресече бавната подвижна средина (сината линија) оддолу нагоре, тогаш тоа би била потврда за промената на трендот.

Иако индикаторите даваат мешани резултати, повеќето се во насока на зголемување.

Во неделата пред нас најверојатно ќе добиеме потврда на почетокот на есенскиот бран, освен ако затоплувањето на времето не го пролонгира почетокот за една до две недели“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Во Македонија вакцините го намалиле леталитетот за околу 8 пати, а морталитетот за околу 2,1 пати

Проф. Трајковски: Деновиве стапката на смртност од Ковид-19 е 4,9%, многу повеќе од просекот за целото времетраење на епидемијата

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народната банка вработува шест лица, плата до 61.445 денари

Редакција

Намалена просечната каматна стапка на вкупните кредити, стабилна кај депозитите

Редакција

Радев задоволен што европските лидери „конечно разбрале каде е проблемот со Македонија“

Редакција