еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Започна есенскиот бран на Ковид-19 во Македонија

Ви ја пренесуваме последната анализа на професорот Дејан Трајковски, кој редовно на Фејсбук ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

„19.10.2021. Минатата недела беше најавена промена на трендот и почеток на есенскиот бран на корона вирусот во Македонија.

Не моравме да чекаме долго и веќе на почетокот на неделата потврдата пристигна.

Сите индикатори прикажани и неприкажани, кажуваат јасно дека дневните броеви започнаа да искачуваат, односно епидемијата започна да забрзува.

Секое подножје е благо, но како што ќе изминува времето, се повеќе ке се гледа угорницата.

Ефективниот репродукциски број веќе е над единица со пристојна резерва, па дури и најавеното затоплување на времето малку веројатно дека ќе го намали. Најверојатно се работи за сезонски фактор, бидејќи есенскиот бран стратуваше во Европа, но и во светски рамки, но и влијанието на предизборната кампања не може сосема да се исклучи.

Сите епидемиолошки настани се гледаат на дијаграмите, па така и овој последниот.

На нашата влада, пак, бројките не и се гледаа многу високи, па побрза да укини едно ограничување за кафеаните, што сигурно ќе има свој удел во претстојниот бран.

Ги виделе неделните броеви кои изгледаа привидно намалени (привидно поради намаленото тестирање поради празникот 11 октомври), па побрзале да прогласат победа над епидемијата.

Веќе никој не ги сфаќа сериозно, гледајќи какви непромислени чекори прават. Којзнае кој ли ги учи така или пак самите нешто импровизираат.

Во секој случај, машинеријата е ставена во погон и повеќе ништо не може да ја сопре, барем не со вакво несериозно однесување какво што гледаме цело време.

На третиот дијаграм гледаме дека седумдневните подвижни средини на стапката на позитивни тестови (црвената линија) и бројот на нови случаи (сината линија) добија јасен нагорен тренд.

Денека гледаме многу високи стапки на позитивни тестови во неколку града (ЦЈЗ Скопје – 43,1%, ЦЈЗ Прилеп – 36,7%, ЦЈЗ Куманово – 56,4%, со што го достигна кинески Вухан, а ни Битола и Тетово не се за потценување со преку 20% позитивни тестови).

Значи, ни Тетово не е сигурно и покрај тоа што им се случи во летото.

Конечно, на четвртиот дијаграм гледаме дека и бројот на хоспитализирани започна да расте (сината линија), па во есенскиот бран влегуваме со речиси 600 хоспиталзирани и една изгорена болница.

На истиот дијаграм уште се гледа дека бројот на активни случаи (официјалниот и реалниот, т.е. теоретскиот) го достигна минимумот и дека и тој наскоро ќе започне да расте.

Утре ќе ја анализираме стапката на болнички леталитет, а резултатот ќе биде таков што никој нема да посака да влезе во македонска болница“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Неделава најверојатно ќе имаме почеток на есенскиот бран

Проф. Трајковски: Во Македонија вакцините го намалиле леталитетот за околу 8 пати, а морталитетот за околу 2,1 пати

Проф. Трајковски: Деновиве стапката на смртност од Ковид-19 е 4,9%, многу повеќе од просекот за целото времетраење на епидемијата

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тежок тендер“: Водостопанство на Македонија набавува 15 возила

Редакција

Алијанса за Албанците ќе преговара за влез во Владата

Редакција

„Судски ниски страсти“: Твитер реакции за Јанева, Стефанова, „Рекет“, „ороспија“ и „мачето“

Редакција