еМагазин
Image default
Бизнис

Според ДЗС пораснала за 4%: Просечната нето плата во август 28.642 денари

Просечната исплатена нето-плата по вработен во август годинава изнесувала 28.642 денари и е за 4% повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Зголемување се должи, пред сѐ, на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.0%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.4%) и Други услужни дејности (12.6%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (5.5 %), Уметност, забава и рекреација (3.6%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.1%).

Просечната бруто-плата во август 2021 година, пак, изнесувала 42.776 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе им додели 8 милиони евра на здруженија и фондации

Редакција

Високото ниво на девизни резерви овозможи Народната банка да делува навремено и смело на пандемијата, оцени Ангеловска-Бежоска

Редакција

(Во живо) Прва регионална Becutan конференција во Скопје: „Родителството некогаш и денес“

Редакција