еМагазин
Забава

Се огласи режисерот кој беше ранет од актерот Болдвин на снимањето на филмот “Rust”

По несреќата која се случи на снимањето на филмот “Rust” со Алек Болдвин, се огласи и филмскиот режисер Џоел Соуза, кој беше ранет, но помина со полесни повреди.

Соуза бил погоден во рамото кога Болдвин пукал на снимањето на филмот.

„Многу сум вознемирен поради загубата на мојата пријателка и колешка Халина. Беше љубезна, жива, неверојатно талентирана, се бореше за секој сантиметар и секогаш ме туркаше да бидам подобар,“ рече Соуза.

Според пишувањата на американските медиуми, Болдвин по оваа несреќа ќе се повлече од проектите на кои работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алек Болдвин се огласи по несреќата на снимањето на „Rust“: „Нема зборови со кои можам да го пренесам мојот шок и тага“

(ВИДЕО) Актерот Алек Болдвин на филмски сет уби директорка на фотографија и го рани режисерот

Фото: Jum Weber/New Mexican

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 88 години почина легендарниот актер Ален Делон

Редакција

(Видео) Нов хит на Слаткар и Тони Зен, „Жими сè“

Редакција

(Видео) Јагуарката Инес од скопската Зоолошка градина ја покажа својата убавина

Редакција