еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Нападите кон новинарите се зголемија, медиумите се финансиски неодржливи, се вели во извештајот на ЕК

Општиот контекст останува поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите и покрај сериозните наоди кои се дел од извештајот на Европска комисија, а го пренесува Здружението на новинари (ЗНМ).

Посебно влијание на работата на новинарите имаше кризата со предизвикана од Ковид-19 каде беше зголемена тензијата во секторот. Нападите кон новинарите се зголемија а ветената нулта толеранција не се оствари зошто степенот на неказнивност остана висок.

Реформите кои се ветуваа во МРТ и Агенција за медиуми останаа уште една година нереализирани. Уште еден заклучок е дека потребно е да се продолжат напорите за прифаќање на саморегулација во медиумите кои би биле проследени со конкретни резултати и кои би ги задржале професионалните стандарди на новинарството, како и тоа да се обезбеди поголема транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции и политичките партии.

МРТ освен со најмал буџет и со истечен мандат на советници како што е и случајот во Агенцијата за медиуми

Финансиската самостојност како и мерит системот за избор на менаџментот во овој медиум се два основни предуслови за независноста на јавниот сервис.

Извештајот вели дека властите, од нивна страна треба да ги зголемат напорите за реформа на МРТ, обезбедувајќи ја неговата независност и финансиска одржливост. Буџетот на МРТ е 13.1 милиони евра како што е нотирано во Извештајот и тоа е најнискиот буџет во последните десетина години кои го има овој медиум.

Јавниот радиодифузен сервис усвои петгодишна стратегија за развој, но процесот на реформи е отежнат заради доцнењето во именувањето на членовите во неговиот Програмски совет и во Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги кои имаат истечен мандат.

Малиот пазар и социоекономската несигурност на медиумските работници останува сериозен проблем

Дополнителни економски проблеми предизвика кризата со Ковид – 19. Во Извештајот се нагласува дека медиумите беа вклучени во пакетот за помош, но работничките права на новинарите се уште остануваат сериозен предизвик. Финансиската одржливост на медиумите и расположливото финансирање продолжуваат да ја зголемуваат загриженоста за интегритетот и независноста на медиумите.

Потребни се дополнителни мерки за поддршка на професионалното и истражувачкото новинарство. Се наведува и истражувањето спроведено од самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), кој покажа дека 23% од медиумските работници немаат здравствено и социјално осигурување, 19% одговориле дека менаџментот на медиумите не дозволува работниците да формираат синдикат.

Ниските приходи, како и непочитување на законот за работни односи од страна на работодавачите се заеднички и постојани предизвици за новинарите. Поради лошите работни услови, новинарите и медиумските работници изложени се на самоцензура.

Во делот за препораките, означено е дека тие кои што беа донесени во текот на 2020 година остануваат валидни, но се нагласува дека во наредната година, земјата потребно е да ја ревидира правната рамка во областа на медиумите во согласност со правото на ЕУ и европските стандарди како и да ги финализира составите на Програмскиот совет на МРТ и Советот на Агенцијата за медиуми.

За потсетување, мандатите на членовите во двете дела се истечени а Собранието не ја отпочна постапката за избор на новите членови иако на два наврати имаше објавен повик на кој се пријавуваа заинтересирани кандидати.

Закани и насилство врз новинарите се зголеми и нултата толеранција резултира со двоцифрен број на посериозни инциденти

Во овој дел потребно е спроведе пристап за нулта толеранција во врска со заплашување, закани и акти на насилство врз новинарите во остварувањето на нивната професија и да се обезбеди сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата. Случаите на физичко и вербално насилство и закани кон новинари и медиумски работници се зголемија, додека нивните работни услови, особено работничките и социјалните права, остануваат тешки.

Во Извештајот е наведена и статистика во врска со напад врз новинари. Во 2020 година во Министерството за внатрешни работи се регистрирани 10 случаи на заплашување на новинари, додека ЗНМ регистрираше 2 физички напади и 12 различни форми на вербални закани по живот и други заплашувања.

На почетокот на 2021 година, исто така, се регистрирани еден физички напад и една смртна закана. Се препорачува органите за спроведување на законот и Јавното обвинителство да ги следат инцидентите со новинари, но потребна е подобра координација помеѓу различните институции за побрзо постапување по пријавените прекршоци и спречување неказнивост на сторителите.

Се предлагаат нацрт – измени на Кривичниот законик, со цел да се зајакне заштитата на новинарите и другите медиумски работници со нивно сместување во групата професии кои ќе добијат дополнителна заштита кога ќе бидат изложени на напади и закани поради природата на нивната работа. Оваа препорака е делумно исполнета бидејќи измените на овој закон сеуште не се изгласани во Собранието на РСМ.

Понатаму се вели дека Здружението на новинари како и меѓународните медиумски организации забележаа зголемување на заканите кон новинарите од страна на политичари и јавни службеници, како и малтретирање преку интернет и вербални напади, вклучително и на социјалните мрежи.

Платената политичка програма останува проблем

Извештајот, исто така, се осврнува и на проблемот кој се однесува на платената политичка програма и вели дека „Можноста политичките партии да користат државно финансирање за политичко рекламирање во медиумите, останува загриженост меѓу медиумските асоцијации, поврзана со можното влијание врз независноста на медиумите“. Говорот на омраза е незаконски и онлајн и оф-лајн, но останува распространет преку Интернет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали од извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија се откажува од рускиот гас, нема да го продолжи договорот со Газпром

Редакција

Економскиот промотор кој стана министер: Кој е Крешник Бектеши

Редакција

Во Центар Жупа обезбеден цензус, старо нов градоначалник Аријан Ибраим

Редакција