Кандидатката за градоначалник на Скопје, подржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска се определила да биде почесен унгарски конзул, да биде мост меѓу Македонија и Унгарија и да застапува друга држава, сега испаѓа дека е државјанин на трета држава, изјави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на „Утрински брифинг“.
-Тоа е сепак премногу, па уште се кандидира и за градоначалник. Во Скопје сепак се бира градоначалник, а не кмет, за тоа може да се кандидира во Бугарија, вели Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+Фото) СДСМ објави лична карта на Даниела Арсовска од Петрич
Тој кажа дека нема ништо лошо во тоа што Арсовска е бугарски државјанин, но дека е политички, етички и морално нечесно тоа што го крие тоа и се обидува да ги манипулира граѓаните.
-Очекувам кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска да се повелече, бидејќи не смее да го понижува народот до толку. Треба веднаш да се повлече ако малку го сака Скопје и скопјани. Ако таа сега вака нечесно се поставува, што ќе се случи доколку биде избрана, рече Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска
Фото: Влада