На свечената конститутивна седница на Советот на Општина Штип денеска имаше само 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ и еден на Левица, додека деветмината советниците од опозициската СДСМ ја напуштија седницата.
На првата седница мнозинството и опозицијата ги скара писмената свечена изјава, на којашто наместо да стои уставното име на државата Република Северна Македонија, стоеше Република Македонија.
Маријана Рогожарска-Поповска, советник од СДСМ истакна дека не треба да се оди против Уставот и побара правно толкување од службите.
Откако мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ им го одбија барањето тие ја напуштија седницата.
Свечена изјава дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден на Левица, онака какошто службите им ги подготвиле со Република Македонија.
Мнозинството советници без присуство на опозицијата денеска за претседател на Советот на Општина Штип ја избираа Весна Карагунова-Кожинкова.
МИА/Фото: Општина Штип