еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа приговорите за вториот изборен круг

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа приговорите што ги поднесоа за изборните резултати во вториот круг, потврдија од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА.

СДСМ имаше поднесено седум приговори кои се однесуваа на две избирачки места во Шуто Оризари, едно избирачко место во Конче, три избирачки места во Кочани и едно избирачко место во Чешиново-Облешево, а ВМРО-ДПМНЕ имаше еден приговор за избирачко место во Пробиштип.

Според најавите, утре се очекува ДИК да одлучува по останатите 15 приговори поднесени од ДУИ, ТМРО и Група избирачи Енвер Пајазити.

ДУИ има поднесено пет приговори од кои три се за избирачки места во Студеничани и два за избирачки места во Желино.

Политичката партија ТМРО има поднесено седум приговори, сите за општина Старо Нагоричане, а приговорите на групата избирачи Енвер Пајази се однесуваат на три избирачки места во Брвеница.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот, тоа се прави пред самото пристапување во ЕУ, вели Заев

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Убава вест: Оздравени 895 заболени од Ковид-19

Редакција