Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 7 починати лица од Ковид-19: 5 починати лица од Скопје (69г, 71г, 79г, 81г и 82г) и 2 лица од Велес (68г и 69г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 20.08.2021 до 04.11.2021.
Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово (1) и Гостивар (1) на возраст од 72 до 83 години, од кои сите 3 се починати во домашни услови.
Вкупната бројка на починати е 7.204.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 606 случаи на Ковид-19 од 3.257 тестирања
Убава вест: Оздравени 320 болни од Ковид-19
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.