Професорот на Медицинскиот факултет доктор Драган Даниловски за „Слободен печат“ објаснува што е „мозочната магла“, што сѐ поголем број пациенти со прележан Ковид-19 пријавуваат дека ја чувствуваат.
Според Даниловски, тоа е невролошки симптом што може да трае и повеќе месеци по поминувањето на болеста.
– Симптомите на мозочна магла се проблеми со меморијата, недостиг на ментална јасност, слаба концентрација, чувство на отсутност, главоболки и конфузија.
Многубројни студии откриле дека некои луѓе што имале Ковид-19 развиваат компликации како што се изменета свест или енцефалопатија.
Воспалението во мозокот ја попречува можноста на невроните да комуницираат едни со други. Ова може да биде еден од факторите што придонесува за појава на мозочна магла,“ објаснува доктор Даниловски за „Слободен печат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Доктор Даниловски: „Пасоши“ само за имуни – независно дали прележале или се вакцинирале
(ВИДЕО) Епидемиологот Даниловски: Ова сега што се случува е почеток на есенско зимски бран
Фото: МЗ