еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца пациенти од Злетово и Кочани починаа од Ковид-19 во штипскиот ковид-центар

Двајца пациенти на возраст од 73 и 83 години од Злетово и Кочани починаа вчера во Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во дневниот извештај забележува дека на Инфективното се хоспитализирани 54, а на Кожното одделение шест пациенти.

Во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани нови осум пациенти, а на постојана кислородна поддршка се 43 пациенти. Притисок има и во дневната амбуланта, каде инфектолозите дневно имаат 86 прегледи на пациенти со коронавирусот.

Началничката на Инфективно одделение, Дијана Шишкова-Гајдарџиска за МИА вели дека деновиве имаат се поголем број на пациенти, кои им доаѓаат во тешка здравствена состојба.

Карактеристично за овој бран е што имаат се помлади пациенти на кои им треба болнички третман.

-Во претходните бранови не беше карактеристично и на други варијанти, типови на коронавирусот. Но, овој период со делта сојот имаме многу повеќе млади пациенти, вели Шишкова-Гајдарџиска.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека со ставањето во функција на Инфективното одделение, засега модуларната болница е под клуч, но доколку имаат поголем притисок, тоа ќе значи и нејзино отворање, но и реорганизација и ангажирање на дополнително медицински кадар. 

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на работници во јануари зголемен за 2,6%

Редакција

Од 1 јули годинава патни исправи со Северна Македонија

Редакција

Годинава во Словенија на работниците од Македонија им се издадени работни дозволи за 40,3% повеќе од лани

Редакција