еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Има многу шпекулации за не појавувањето на пратеникот Реџепи, ќе чекаме до 12 да се појави

Се отвораат многу шпекулации за не појавувањето на пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи во Парламентот и ниту претседателот, ниту премиерот немаат став околу тоа каде се наоѓа, изјави попладнево претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски пред Собранието по прекинувањето на собраниската седница за гласање доверба на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами се сомнева дека неговиот сопартиец Реџепи против своја волја не дошол во Собранието

– Ќе чекаме до 12 да се појави пратеникот. Треба најпрво да видиме дали е жив, здрав, прав, да видиме каде се наоѓа човекот. Освен на јазик различен од македонскиот и албанскиот, порака на социјалните медиуми, друго не знаеме, физички што се случува со човекот, дали е некаде мимо своја волја или е доброволно таму.

Да ги видиме тие вредности што ги споделува, затоа што пратеници тукутака не исчезнуваат во тие заедници коишто тој ги наведе на својот Фесјбук статус, како што се САД и ЕУ.

Претседателот на државата којшто е најодговорен во вакви ситуации заедно со претседателот на Владата немаат досега јасен став околу тоа каде се наоѓа пратеникот, бидејќи пратеник во македонското Собрание нема, истакна Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Киднапирале пратеник мислејќи дека така нема да паднат

Лидерот на опозицијата рече дека тие „не знаат дали Реџепи е киднапиран или доброволно се движи и избегал.

– Не разбирам ако е доброволно, не беше денеска тука појавен. Ќе си се гласаше. Ако беше против да падне оваа влада ќе си гласаше против, иницијативата ќе завршеше 60:60 и ќе го спасевме народот и јавноста од ваков срам.

Вака се отвора простор за многу шпекулации, многу изјави од различни извори – дали се потврдени или непотврдени, дали се точни или неточни. Но, она што е јасно е дека власта се препелка во живата кал.

Ако мисли дека ова е некаков политички триумф, не напротив. Мислам дека ова е голем срам за демократијата, голем срам за вредностите коишто се наведени во тој статус, нагласи Мицкоски.

Тој рече дека уште вчера се шпекулирало дека ова ќе се случи и дека ако се потврди дека се тргувало со пратеници „во државава веќе не вреди да се занимава човек со политика“.

– Да видиме што се случува со човекот. Ако не се појави, треба да даде одговор МВР. Јас како што знам, Биљал Касами даде една изјава, рече дека пријавил, така што да видиме што ќе се случи, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски упати извинување до граѓаните во негово име и во име на ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече што мора да бидат сведоци на една ваква би рекол циркуска претстава која што денеска се одвива тука во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На опозицијата ќе и фали пратеник: Реџепи од БЕСА нема да учествува на собраниската седница за гласање недоверба на Владата

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот на јавни обвинители ја доби одлуката за разрешување на Јанева

Редакција

Косово е одземено од Србија, а Русија со години ја провоцираат, вели хрватскиот претседател Милановиќ

Редакција

Каков имот пријавил Талат Џафери, кој стана премиер на техничката влада

Редакција