еМагазин
БЕНЧМАРК

ЕУ бара казна за Унгарија поради нејзината политика за азил

Европската комисија соопшти дека ќе побара казна за Унгарија пред Судот на правдата на ЕУ, бидејќи не ги изменила процедурите за азил согласно судската пресуда и препорача долгорочни финансиски казни се додека Будимпешта не ја испочитува одлуката.

ЕК во соопштението наведе дека Унгарија досега не разгледала неколку аспекти на пресудата.

Конкретно, Унгарија не ги презеде неопходните мерки за да обезбеди ефикасен пристап до процедурата за азил, се вели во соопштението.

Таа не ги појасни ниту условите во врска со правото на останување на територијата во случај на жалба во постапка за азил, се додава во соопштението.

Барањето следува откако судот на ЕУ во декември пресуди дека Унгарија не го почитувала правото на ЕУ со тоа што им забранувала на луѓето да влезат во земјата без дозвола да аплицираат за азил и незаконски ги задржувала во „транзитни зоните“ на нејзината граница со Србија.

Комисијата побара од судот на ЕУ да и изрече казна на Унгарија во форма на паушал и дневна парична казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Репортинг Демокраси“: На безгрижните денови на Груевски можеби им се ближи крајот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имаме голема шанса уште во јуни да дојдеме до решение прифатливо за Скопје и Софија, вели германскиот државен министер за Европа Рот

Редакција

Еврометар: Мнозинството граѓани сметаат дека односот на ЕУ кон Македонија е нефер, надмен и уценувачки

Редакција

Ципрас: Кредибилитетот на ЕУ ќе биде загрозен без датум за преговори со Македонија

Редакција