еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кандидатот на ДУИ, Дука победи во Дебар, неговиот противкандидат најави приговори

Според првичните резултати што половина час по полноќ ги објави Државната изборна комисија (ДИК), од гласањето за вториот изборен круг, најмногу гласови добил Хекуран Дука, од ДУИ, подржан од СДСМ  и коалцијата.

Од запишаните 19.211 лица со право на глас, на 27 гласачки места ова право го оствариле околу 45 отсто.

За Дука гласале 4.284 или 49,69 отсто, додека за неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива, подржан од ВМРО-ДПМНЕ гласале 4.148 или 48,11 отсто.

Дука, неговите сопартијци и членови на СДСМ, кои победа прогласија на не цели два часа по затворањето на гласачките места, синоќа славеа во центарот на градот, на плоштадот „Скендербег“, со огномет, зурли и тапани, а за првпат можеа да се видат македонското и албанското знаме како дебрани ги вијорат заедно.

Во меѓувреме од спротивниот табор најавија приговори.

Кандидатот за градоначалник Поцеста, во изјава за медумите обвини дека „ДУИ денеска ги вклучила владините структури во изборниот процес за градоначалник на Дебар“.

Додава дека, како може да обезбедат толку гласови, по неговите „две чисти победи, во првиот круг и прегласувањето во едно гласачко место“ и посочува дека ќе ги анализираат записниците од избирачките места, по што ќе излезат со официјално соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Хекуран Дука, старо-новиот градоначалник на Дебар

МИА/Фото: Фејсбук/Дука

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две лица од новопочинатите од коронавирусот со претходни заболувања, едно имало контакт со потврден случај

Редакција

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19

Редакција

Две лица приведени за нападот на градоначалникот на Арачиново, напаѓачот се уште непознат

Редакција