еМагазин
Image default
Бизнис

Ревизорскиот извештај за Агенцијата за лекови и медицински средства со низа забелешки и препораки, велат од Државна ревизија

Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави конечниот извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи (за три сметки) заедно со ревизија на усогласеност на Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД за 2020 година.

Како што се наведува во извештајот, изразено е неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеноста на финансиските трансакции
со релевантната законска регулатива за 2020 година.

-Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност на МАЛМЕД за 2020 година констатирано е следното: активности за финансиско управување и контрола ги врши раководителот на Одделението за внатрешна ревизија, поради што не е воспоставена поделба на должностите и одговорностите во делот на финансиското работење, раководните работни места во организациски единици кои се директно поврзани со дејноста, не се пополнети, работно место за одговорен сметководител, не е предвидено, а работните задачи во овој дел се вршат од страна на надворешно лице ангажирано со договор на дело, стои во извештајот.

Понатаму се додава дека и покрај спроведена функционална анализа во 2019 година, не се започнати активности за изготвување нови акти за внатрешна организација и систематизација на работните места, организациската, професионална и функционална независност на единицата за внатрешна ревизија е нарушена, не е изготвен план за извршување на внатрешна ревизија и не е спроведена ниту една внатрешна ревизија.

За законски предвидените регистри се наведува дека не се воспоставени, што влијае на транспарентноста на постапките кои ги води МАЛМЕД, како и на информираноста на стручната и пошироката јавност; пописот на средствата и обврските на крајот на годината е нецелосен, ангажирани се лица со договор за дело без јасно и прецизно дефинирање на стручните квалификации и работните задачи и обврски, а исплатите се вршат без да се достави доказ/извештај за извршената работа, ниту доказ за присуство на работно место, се наведува меѓу другото во извештајот.

Нотирано е и дека во постапката за ставање на лек во промет, не се предвидени контролни механизми со кои ќе се обезбеди ажурност во постапувањето на проценители за давање стручна проценка, поради што голем број барања не се решени, во постапката за регистрација на медицински средства, не се воспоставени контролни механизми кои ќе обезбедат воедначен и точен третман на уплатените надоместоци поради што се наплатени помалку приходи во износ од 12.861 илјади денари, што влијае на комплетноста на приходите, во постапката за класификација или регистрација на лекови кои се издаваат без рецепт, не е воспоставена воедначена пракса на постапување, односно постојат производи со исто генеричко име и јачина од еден производител регистрирани како лек, а од друг производител регистрирани како граничен производ.

– Во дел од спроведените постапки за јавни набавки утврдивме несоодветна примена на одредбите од Законот за јавните набавки, за надминување на констатираните состојби дадени се препораки до
одговорните лица… Укажуваме на потребата од дополнување и доуредување на законската и подзаконската регулатива која се однесува на постапките за издавање на одобренија и сертификати за производство, промет и увоз на лекови и медицински средства, класификација на производи и издавање одобренија за клинички испитувања, наведуваат од ДЗР за извештајот за МАЛМЕД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе чини најмалку 260 милиони евра: Поставен камен-темелникот на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д

Редакција

Истанбул и Дубаи најбарани дестинации за Нова Година, намален интересот за европските градови

Редакција

Директорот на Гранит, Зоран Милковски купи 6.137 акции на компанијата

Редакција