еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тројца осомничени за обидот за убиство на јавен обвинител од Гостиварско, причина недоразбирање во сообраќајот

Три лица се осомничени и приведени за физички напад со остар предмет врз Х.И.(39) од село Форино, Гостиварско, јавен обвинител во ОЈО Гостивар, што се случил утрово, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, утрово во 06.10 часот од полициски службеници од Полициското одделение Чегране биле лишени од слобода Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од с.Чегране, гостиварско  и Б.Ф.(41) од с.Церово, Тетовско, поради постоење основи на сомнение дека околу 05.30 часот во с.Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И.

-Х.И. бил пренесен во Општата болница „Ферид Мурат“ за укажување на лекарска помош.

Тројцата со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Гостивар, стои во соопштението од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обид за убиство на јавен обвинител во Чегране, Гостиварско: Нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Познато кои спортски брендови ќе се продаваат во East Gate Mall: Еден од нив за прв пат доаѓа во Македонија

Редакција

Нови 813 случаи на Ковид-19 од 5.165 тестирања

Редакција

Ден на жалост во Прилеп во петок, поради загинатите лекари

Редакција