еМагазин
Бизнис

ЕСМ ја крои новата цена, ќе поскапи ли струјата за домаќинствата?

ЕВН хоум го продолжи рокот на тендерот на кој треба да се обезбеди струја за домаќинствата за идната година, јавува телевизија Сител.

Ова било договорено на денешниот состанок меѓу РКЕ, ЕСМ, МЕПСО и претставници на владата во просториите на ЕВН.

Тендерот наместо до 25 ноември ќе трае до 2 декември.

Според информации на Сител причина за продолжувањето е што државната ЕСМ нема да може до 25 да достави понуда, затоа што според информациите, компанијата не знае колку електрична енергија ќе произведе, бидејќи нема доволно јаглен и допрва ќе се навбавува.

Сител дознава и дека на последната владина седница месецов – на 30 ноември државната ЕСМ ќе бара и зголемување на производствената цена на електрична енергија која во моментов е 36 евра за мегават час.

Според законот за енергетика државните електрани треба да обезбедат 60% од потребите на струја до универзалниот снабувач.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фруктал Мак“ оствари добивка од 11,4 милиони денари за девет месеци

Редакција

Во блок-трансакции продадени акции од Комерцијална банка за 2,8 милиони денари

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на нафтени деривати вреден 174.000 евра

Редакција