еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СДСМ утре ќе расправа за оставката на Заев, а Алтернатива дали ќе влезе во Владата

СДСМ утревечер треба да одржи состанок на Централниот одбор, кој поради тридневната жалост беше одложен, а на кој се очекува оставка на претседателот на партијата и премиер Зоран Заев.

Доколку се случи тоа, почнува постапката за избор на нов претседател на партијата.

Според статутот на партијата, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ.

Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави самиот Заев, треба да биде и мандатар на новата влада. Во јавноста веќе кружат неофицијални имиња за иден премиер.

Исто така, дел од членството на СДСМ не ја поддржува оставката на Заев најавена по завршувањето на локалните избори, кога партијата изгуби повеќе градоначалнички места.

Во меѓувреме, се работеше и на зајакнување на парламентарото мнозинство, откако не успеа обидот за изгласување недоверба на Владата на Заев. Така, утревечер заседава и Алтернатива, чие централно претседателство треба да одлучи дали ќе ја прифати понудата на Заев да биде дел од Владата во наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одложени состаноците на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ на кои се очекуваше Заев да поднесе оставка

Зошто Димитар Ковачевски се споменува за нов мандатар, и кога тој стана висок „партиски играч“ во СДСМ

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација ја укина пресудата за затворските казни за Мијалков, Грујевски, Јакимовски и Стајковиќ за „Трезор“

Редакција

Настел повторно продаде акции на Реплек, Душан и Владимир Пецовски купија

Редакција

Амбасада на САД: Одлуката кој е во или надвор од владата ја носи народот

Редакција