еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

A1 Македонија за новогодишни празници со тебе: Поврзани услуги и заштеда со A1 Combo

A1 Македонија ја започнува празничната новогодишна еуфорија и со задоволство ја најавува новата атрактивна промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2022 година со неограничена комуникација, многу содржини и ТВ уреди по најповолни цени, информираат од таму.

Како компанија која нуди конвергентни услуги, А1 Македонија ја збогати својата A1 Combo понуда со која корисниците можат да ги поврзат мобилните и фиксните услуги и да заштедат.

Овојпат, корисниците ќе имаат екслузивна можност да ги искористат најголемите попусти годинава, како на A1 Combo тарифните модели, така и на многубројните атрактивни уреди.

Притоа, корисниците ќе добијат пристап до најдобрата телевизија на нашиот пазар, А1 Xplore TV, која нуди многубројни функционалности за корисникот, како инсталирана апликација YouTube и YouTube Kids, следење на телевизија на повеќе различни екрани, можност за снимање, пребарување и премотување и сето тоа со одличен квалитет на слика.

„Новогодишните празници се за убави моменти поминати со најблиските, затоа нашата понуда е креирана со цел да им овозможи на корисниците подготвени да ги дочекаат празниците и да ги исполнат со единствени моменти на среќа.

Со новата понуда, со која корисниците добиваат заштеда на претплатата, како и попуст за избор на нов уред, верувам дека ќе допринесеме овие празници да бидат посебни.

Технологијата може да замени многу нешта, но не може да ги замени луѓето и искуствата кои ги доживуваат додека се заедно со своите најблиски,“ изјави Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.A1.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нејзината професионалност ја однесе во „Вог“: Која е Јована Нешова која гази на светската модна сцена

Редакција

Моја Кравица го разбуди детето кај секој од нас

Редакција

Турски бизнисмен донираше 20.000 маски за македонската Армија

Редакција