еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Финансиска стимулација за матичните лекари ако над 70% од нивните пациенти се вакцинираат, најави Филипче

Истражувавме и изминативе два-три дена и ќе предложиме една нова мерка до Владата, а тоа е посебна стимулација за матичните лекари. Односно, матичните лекари да бидат финансиски стимулирани кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент од вкупниот број пациенти кои се запишани кај нив. Има уште некои аспекти кои тука треба да се разгледаат, но мислам дека тоа е предлогот со кој ќе настапиме во вторник пред Влада, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека за претходните мерки дискутирале на седницата на Владата.

– Свесен сум дека овие се едни од најтешките мерки поради што допираат во една сфера во која досега не сме имале мерки, а тоа се работните односи, работното место, меѓутоа заклучивме дека треба дополнително да истражиме и да видиме дали ќе има некои слични мерки кои нема да бидат толку сериозни, да загрозуваат нечие работно место а од друга страна ќе бидат стимулација за вакцинација и во таа смисла работевме интензивно, рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на новиот сој, потенцира, сега е се уште рано да се каже точно, станува збор за нова мутација на вирусот „Омикрон“, која има бројни мутации посебно во делот на спајкот и сега тука е сомнежот дека можно е да е потрансмисибилен отколку сите досегашни мутации.

– Меѓутоа, ние имавме и многу други мутации кои не се проширија досега. Имаше и оние други сценарија – делта сојот кој навистина секаде се прошири. Ќе ги разгледуваме сите овие работи во понеделник на состанок на Комисијата за заразни болести, најави Филипче.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски без коментар за внукот на Ахмети, кој го купува бизнис центарот „Соравиа“

Редакција

Каков имот пријавил Христијан Костов, на чие директорско место во „8 Септември“ е именуван Синиша Стојаноски

Редакција

Струјата ќе поскапи за 3,5 до 4%, а зголемувањето на ДДВ-то ќе влијае со плус 4,72% доколку се прифатат барањата на енергетските компании

Редакција