еМагазин
БЕСПАРИЦА

Поскапувањето на струјата нема да биде над 10%, неизвесно дали преку ден ќе има евтина тарифа

Цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе се зголеми до 10 отсто, вели министерот за економија Крешник Бектеши за емисијата Економски магазин на Алсат М.

„Да бидам искрен, на затворена владина седница веќе е усвоена одлука со која ЕСМ ќе учествува на јавен тендер објавен од универзалниот снабдувач, во овој случај, ЕВН Хоме.

Јас само можам да потврдам дека крајната цена според сите проекции што сме ги правеле ние како енергетски тим во рамки на Владата, нема да биде над 10% за домаќинствата и граѓаните“, вели Бектеши.

Телевизијата објави и дека е неизвесно дали по Нова година граѓаните ќе имаат преку ден евтина тарифа на електричната енергија. За оваа се уште се преговарало.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Нема скара, нема мир“: Угостителите и туристичките работници на протест побараа еднократна финансиска помош за да продолжат со работата

Редакција

Во јули намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Редакција

Детален преглед: Што содржат 26-те мерки за заштита на животниот стандард и за ликвидност на компаниите

Редакција