еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското МНР не е информирано за француската иницијатива за решавање на спорот со Македонија, која ја спомнува Груби

Бугарското Министерство за надворешни работи вели дека не се информирани за француската иницијатива, што првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ја спомена денеска, информира бугарската агенција БГНЕС.

-Во дипломатските кругови нема таков предлог, соопшти Брисел, пишува БГНЕС.

Претходно, Груби изјави дека постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија и оти се поднесени одговорите кон сите прашања што ги има испратено Бугарија.

Тој додаде дека чекаат новите бугарски власти, претседателот Радев и новата Влада, да му пристапат на дијалогот околу овие прашања на конструктивен начин, со цел да се постигне зделка што ќе ја отвори вратата на Северна Македонија кон Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, тврди Груби

И привремениот бугарски премиер Јанев го потврди новото вето од Бугарија

Ветото останува, Бугарија сака да ја одвои Македонија од Албанија на патот кон ЕУ

МИА/Фото: Бугарско МНР/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Битиќи ги повика синдикатите на преговарачка маса, да разговараат без уцени

Редакција

Петков: Ми се допаѓа францускиот предлог, останувам на ветеното одлуката за Македонија да ја донесе бугарското Собрание

Редакција

Западeн Балкан ќе треба да почека уште неколку недели за вакцини против Ковид-19 од ЕУ

Редакција