еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во акција на МВР, УЈП и пазарен Инспекторат затворени неколку ноќни клубови во Скопје заради пропуштање лица без сертификат, неиздавање фискални…

Во заедничка координирана акција на Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, СВР Скопје – Единица за интервентна полиција, инспектори за малолетничка деликвенција, Управата за јавни приходи (УЈП) и Државен пазарен инспекторат (ДПИ) вчера околу 01:00 часот беше спроведена акциска контрола во повеќе угоститителски објекти – дискотеки и ноќни клубови, за кои имало сознанија дека во нивното работење има нерегуларности.

Притоа, како што соопштија од МВР, во угостителски објект на улицата „Јордан Мијалков“ при извршената контрола од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки.

Од страна на Единицата за интервентната полиција приведени се пет лица без лични карти, пронајдени се две лица кои поседувале фалсификуван сертификат за вакцинација и 15 лица без сертификат за вакцинација, при што од страна на ДПИ составен е записник за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација, за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот привремено е затворен.

Во угостителски објект кај нова железничка станица, при извршената контрола во објектот е констатирано дека девет лица не поседуваат сертификат за вакцинација, затечено е едно малолетно лице.

Од страна на УЈП е констатирано дека има нерегуларности во готовинскиот промет, за што ќе им биде изречена парична глоба.

Од страна на ДПИ било констатирано дека во објектот не се почитува законот за пушење, непостапување по здравствени протоколи, затекнати лица без сертификат, при што од страна на ДПИ ќе бидат изречени прекршочни глоби за констатираните прекршоци со издавање на прекршочни платни налози,.а објектот привремено е затворен.

Во угостителскиот објект на улицата „Анастас Митрев“ при извршената контрола од страна на УЈП биле констатирани повеќе нерегуларности, односно евидентирана е разлика во готовинското плаќање т.е неиздавање на фискални сметки.

Од страна на припадници на МВР е констатирано дека шест лица не поседуваат сертификат за вакцинација, како и три лица кои биле обезбедување биле без соодветни лиценци за работа, при што од страна на ДПИ составен е записник за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот привремено е затворен.

Во угостителски објект на улицата „8 септември“ при извршена контрола од страна на УЈП е констатирано неевидентиран промет односно неиздавање на фискални сметки, а од страна на припадници на полицијата е утврдено дека две лица не поседуваат сертификат за вакцинација, од страна на ДПИ за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација составен е записник при што согласно Законот ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот е привремено затворен .

Во угостителски објект на улицата „Св.Климент Охридски“ при извршената контрола од УЈП констатирана е разлика во готовинскиот промет односно неиздавање на фискални сметки.

Од страна на полицијата утврдено е дека десет лица не поседуваат сертификат за вакцинација како и малолетници, при што од страна на ДПИ составен е записник за непочитување на мерките согласно Законот за заштита на население од заразни болести, за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот е привремено затворен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фершпед ќе дели дивиденда од 720 денари бруто по акција

Редакција

Како ќе се изјаснат партиите на Албанците: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ прифатлива за СДСМ, ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз

Редакција

Мицкоски по сведочењето за “организаторите на 27 април“: Никој од ВМРО-ДПМНЕ не е дел од организацијата на нападите

Редакција