Следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието.
Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи – Скопје (УХМР).
Минималната температура во петок ќе се движи од минус 5 до 3 степени, а максималната од 3 до 11 степени.
Во сабота, слично време со минимална температура од минус 5 до 2 степени и максимална од 0 до 7 степени.
За недела УХМР прогнозира утрински температури до минус 8, за понеделник до минус 10, а за вторник и до минус 11.
Најголема снежна покривка денеска изутрина имаше на Попова Шапка – 57 см, Маврови Анови – 40 см, Пожаране – 19 см, Крушево – 17 см, Берово и Тетово по 6 см, Виница – 5 см и Ѓуриште – 2 см.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди, почести во јужните делови, ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно време со умерен, повремено со засилен северен ветер.