еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Кои се 10. победнички во изборот „Жена на годината 2021”

Во пријатна и опуштена атмосфера со многу позитивна енергија денеска во „Рагуза360” во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор на “Жена на годината 2021” (www.zenanagodinata.mk), во склоп на конференцијата „Жени претприемачки”.

Во онлајн номинирањето учествуваа 434 лица, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше жири составено од претставници на медиуми, компании, образовни институции и истражувачки агенции.

Во продолжение следува листата со овогодинешните лауреати во изборот „Жена на годината 2021”:

Жена на годината – д-р Маја Мојсова Мијовска.

Жена менаџер на годината – Ленче Карпузовска.

Жена со трајни вредности – Винка Саздова.

Странец жена менаџер на годината – Букет Геречи.

Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Андреа Илоска Симоноска.

Жена со најголеми достигнувања во културата – Регина Икономовска.

Жена со најголеми достигнувања во спортот – Ирина Дишовска.

Жена со најголеми достигнувања за општеството – Дина Дума.

Жена со најдобар стил – Светлана Црнокрак.

Инфлуенсерка на годината – Елена Стефановска.

Посебна награда од организаторите, за жена која континуирано ги поддржува, мотивира и инспирира жените претприемачи, беше доделена и за Лилјана Варадиновска.

Целта на изборот е да се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.

Организатори на „Жена на годината” се Маркетинг365 и Касиа Евентс, а настанот е поддржан од Пивара Скопје, Тиквеш, Кариера.мк, Orbico, Империјал Тобако, Пеко, Охридски Бисер Филеви и др.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Лорин по вторпат победи на Евровизија, Шведска по седми пат

Редакција

Коза во Запрожје активираше експлозив, повредени најмалку 40 руски војници

Редакција

Боки 13: Имам докази за криминал од Вилма Рускоска од 4 милиони евра, каде да пријавам?

Редакција