Градоначалникот на Лодон, Садик Кан прогласи вонредна состојба во градот, откако нагло се искачи бројката на хоспитализирани луѓе во главниот град на Велика Британија, со симптоми на Ковид-19.
Во медиумите се наведува дека забрзаното ширење на сојот омикрон е главната причина за зголемувањето на заразата, а градските власти биле приморани да реагираат, бидејќи во болниците било тешко да се пронајде слободен кревет, а воедно и голем број на луѓе вработени во јавните претпријатија на Лондон биле оневозможени да се појават на работните места, бидејќи биле заразени.
Се очекува Кан во наредните денови да излезе со план за функционирањето на милионскиот град во вонредни услови.
Засега пабовите се отворени, но во нив повторно ќе треба да се носи маска и да се држи дистанца.
МИА/Фото: Unsplash