еМагазин
Image default
Бизнис

Општина Охрид има долг од 22 милиони евра

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков информираше дека Општина Охрид заедно со јавните претпријатија должи 22 милиони евра.

Како што соопшти тој на Фејсбук, во 2018 година јавните претпријатија во општината имале плус средства на сметките, додека пак сега сите заедно должеле околу осум милиони евра.

Според податоците кои ги објави, вкупниот долг на Општина Охрид изнесува 856.831.830 денари.

Вкупниот долг на јавните претпријатија кои се под ингеренции на локалната самоуправа изнесува 497.600.819 денари.

Кумулативно долгот на сите општински јавни претпријатија плус долгот на Општина Охрид изнесува 1.354.432.649 денари или околу 22 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стратегијата на НЛБ Групацијата ќе придонесе за побрз економски раст на регионот и подобрување на животниот стандард

Силвана Жежова

Народната банка вработува четири лица, плата до 64.512 денари

Редакција

Триглав осигурување Живот АД Скопје со нов Унит линк производ – одлична можност за балансирано инвестирање

Редакција