Владата на денешната 131 седница донесе Одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот, како и Одлуката за одобрување на тие средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.
Како што информира владината Прес-служба, одлуките се донесени за реализација на мерките за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија, заради справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.
– Дополнително, Владата ги задолжи сите институции во надлежност на извршната власт од сопствените буџетски сметки и програми предвидени за набавка на електрична енергија, веднаш да ги исплатат долговите кон добавувачите на струја и одобри да се изврши пренамена на средства од други буџетски ставки каде што има неискористени средства за исплата на долговите за кон добавувачите на електрична енергија, се наведува во соопштението.
Според владината Прес-служба, овие одлуки, како и препораките до институциите на локалната самоуправа, до Собранието и до Канцеларијата на Претседателот на државата, имаат за цел да го помогнат снабдувањето со електрична енергија кое се остварува преку комерцијалните добавувачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од сабота струјата поскапува за 9,48%, се укинува и дневната евтина тарифа