еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Грипот се “врати“

Во периодот од 20-26.12.2021 година, во Македонија се пријавени 361 (I=17,5/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

“Во текот на 51-ва извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 444 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 2 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и Ковид-19.

Притоа, детектирани се 48 (10,8%) позитивни случаи од рутинскиот надзор, од нив 46 се Influenza A/H3 и два Influenza A несубтипизирани.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 51-ва недела од минатата сезона (n=35) е зголемен 10,3 пати, а во споредба со бројот за 51-ва недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) (n=190) регистрирано е зголемување од 90,4%.

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=30,9/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип“, стои во извештајот на ИЈЗ, за периодот од 20-26.12.2021 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија е при крај со инсулин и други важни медицински материјали произведени во странство

Редакција

(Видео) Масакр во Канада: Стоматолог преправен во полицаец уби најмалку 16 лица

Редакција

Се забранува купување на масло за јадење во пакети – нарушено редовното снабдување на пазарот

Редакција