еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Ковид-19 ќе биде проблем додека не се открие специфичен лек, вели доктор Демири

Во интервју за ТВ 24 доктор Илир Демири, инфектолог од Клиниката за инфективни болести во Скопје, вели дека во однос на лекувањето на болните од Ковид-19 сè уште нема нови сознанија.

Тој смета дека Ковид-19 ќе биде проблем во светски рамки додека не се открие специфичен лек.

„Дотогаш, пристапот кон ковидот ќе биде со резерва и исходот ќе биде дискутабилен“, смета тој.

Демири вели дека грижата и секојдневните прегледи се најдобра терапија.

Според него, повеќе фактори влијаат на високата смртност во државава.

„Смртноста се должи на немање на специфичен лек. Понатаму, зависи од повеќе други аспекти, здравственото ниво на популацијата, вакцинацијата, почитување на мерките, грижата за болните, негата, времето кого се открива, многу фактори влијаат.

Генерално, секој во државата треба да се запраша дали го направил тоа што треба, почнувајќи од самите семејства, матичните лекари и хиерархиски понатаму“, вели Демири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најчестите симптоми на омикрон?

Кои се симптомите на флурон, кој е комбинација на грип и Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минусни температури во поголем дел од земјава, денеска ќе биде облачно и студено

Редакција

Анализа на проф.Трајковски: Досега од Kовид-19 сме изгубиле град со големина на Берово или Кратово

Редакција

Семејството Заеви донираше амбулантно возило и медицинска опрема на струмичката болница

Редакција