еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

БЕГ има законска обврска да обезбеди парно греење, во спротивно може да остане без лиценца, вели Бектеши

БЕГ има законска обврска да обезбедува парно греење, доколку не го направи тоа, тогаш согласно Законот за енергетика може да се соочи со одземање на лиценцата, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во Топ Тема на телевизија Телма.

Тој го повика Градот Скопје и општините во склоп на Градот Скопје во рамки на своите буџети да се вклучат со креирање на мерки за поддршка на граѓаните кои се корисници на топлинска енергија.

„Не само што треба да најдат начин за снабдување, туку БЕГ има и обврска за тоа согласно Законот за енергетика. Носителите на лиценците не може да престанат да ја исполнуваат обврската за испорачување на јавна услуга.

Доколку тие прекинат да снабдуваат топлинска енергија, без претходно информирање на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) дека имаат проблем, РКЕ има право и да им ја одземе лиценцата,“ рече Бектеши.

Тој додаде дека БЕГ нема проблеми со количините на природен гас, кои според информациите веќе се обезбедени, проблемот е со цената на гасот и ликвидноста на компанијата.

„Централната власт ќе им помогне на Град Скопје и општините за префрлање на средства до локалните самоуправи за обезбедување природен гас за греење на јавните институции“ кажа Бектеши и праша зошто градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Советот на Град Скопје не предвидоа ни денар во буџетот за енергетската криза во 2022 година.

Бектеши потенцираше дека Владата и понуди на БЕГ преку Развојната банка на Северна Македонија, кредит со поволни услови со што на индиректен начин ќе се помогне на компанијата.

„Да се даваат субвенции на приватни компании, посебно приватни компании кои имаат обврска да ги снабдуваат корисниците со топлинска енергија и вршат јавна услуга, треба да бидеме многу внимателни, бидејќи тие се пари на сите граѓани“, кажа министерот и потенцираше дека доколку не ги исполнува своите обврски, тогаш Владата ќе донесе и тешка и непопуларна одлука како Влада, се со цел обезбедување на топлинска енергија за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потрошувачите може да поднесат приговор за несоодветна услуга од снабдувачот со парно, велат од Регулаторната комисија за енергетика

Дел од Скопјани без парно, Владата ги повика надлежните компании и локалните власти да обезбедат топлинска енергија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 89 случаи на Ковид-19 од 1.221 тест

Редакција

Клучни разлики помеѓу Ковид-19 и грип

Редакција

„На СДСМ им застарува власта на 12 април“: Твитер реакции оти Груевски нема да одговара за „Траекторија“

Редакција