еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информираше дека утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, со чиј автобус се случи сообраќајната несреќа во која животот го загубија 46 лица.

Бектеши соопшти дека денеска во Министерството за економија пристигнал извештајот од Инспекторатот за труд што се однесува на лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, според кој има разлика во сите информации за лиценцата кои што ги има таа агенција за транспорт.

Министерот додаде дека на барање на Министерството за економија, Пазарниот инспекторат ќе направи дополнителна контрола на условите и начинот на функционирање на „Беса транс“.

Фото: Беса транс/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прокредит банка оствари добивка од 182 милиони денари

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ прва, со зголемена доверба, СДСМ четврта, 28% од граѓаните незнаат кој и е лидер: Анкета на МКД

Редакција

Семејството на скопјанецот кај кого посмртно беше утврден корона вирусот, не сакало да соработува со епидемиолозите

Редакција