еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Кочински ги објаснува заедничките симптоми на грип и Ковид-19

Настинката, грипот и Ковид-19 се респираторни инфекции кои ги предизвикуваат различни вируси, меѓутоа може да имаат слични репираторни симптоми, вели за „Локално“, д-р Драган Кочински, епидемиолог во Институтот за јавно здравје.

“Настинката е најблага форма на респираторна инфекција, симптомите започнуваат постепено, најчесто е пратена со кијавица или блага кашлица, течење или затнат нос, и обично поминува за 3-4 дена“, објаснува епидемиологот.

Тој вели дека грипот започнува нагло со висока температура пратена со треска, болки во зглобови и мускули, изразена општа слабост, главоболка, и не секогаш болка во грло, течење или затнат нос, се јавува кашлицата која може да биде честа и упорна.

“Грип и Ковид-19 имаат многу заеднички симптоми како: покачена температура или треска, кашлица, отежнато дишење, болки во грло, течење или затнат нос, болки во зглобови и мускули, главоболка, повраќање, дијареа, додека губење на осетот за вкус и мирис е почесто кај Ковид-19.

За да може да се направи разлика и дијагностика дали станува збор за грип и Ковид-19 потребно е да направи лабораториско тестирање со кое ќе се докаже причинителот.

За да се направи разлика односно да се одреди варијантата на корона вирусот која предизвикала Ковид-19 инфекција потребно е да се направи секвенционирање – молекуларна дијагностика на детектираниот корона вирус, објаснува Кочински за Локално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Регистрирани нови случаи на лица во Македонија кои истовремено имаат грип и Ковид-19

Софијанова: Зголемен е бројот на деца заразени со омикрон сој, кој дава клиничка слика слична на грип

Кои се симптомите на флурон, кој е комбинација на грип и Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како компаниите со производствeни капацитети да ги заштитат работниците

Редакција

Комбинирање на вакцините против Ковид-19 дава поширок имунолошки одговор, тврди доктор Грозданова

Редакција

Не поддржуваме никаков говор на омраза, повикуваме на мирни протести против двата спорни закона, велат од МПЦ-ОА

Редакција