еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сојуз на здруженија на дијабетичари бара од Владата да се ослободат од работни и училишни обврски хронично болните и дијабетичарите

Сојузот на здруженија на дијабетичари соопшти дека денеска поднеле барање до Владата преку Министерството за здравство и Кризниот штаб за спречување на ширење на пандемијата со Ковид-19, да се донесат превентивни мерки за ослободување од работни и училишни обврски на сите хронично болни, особено на лица со дијабетес тип 1, дијабетес тип 2, кои примаат инсулин и имаат компликации од дијабетес, во рок до 14 дена со одобрение од надлежен специјалист и еднокриниолог или дијабетолог, по барање на самото лице.

Од Сојузот посочуваат дека барањето е со цел да се изврши превенција од дополнителни компликации и можни животно загрозувачки состојби кај лицата со дијабетес.

– Епидемиолошката состојба со Ковид-19 е загрижувачка. Сериозно високите бројки на раст и тоа на дневно ниво, за жал и прогресијата на ново инфицирани не запира и покрај важечките здравствени протоколи.

Ваквата состојба за Сојузот на здруженија на дијабетичари е сериозно загрижувачка, со највисок ризик по компликации на животите на граѓаните со хронични заболувања, особено кај лицата со дијабетес кои со своите секојдневни активности ги исполнуваат работните обврски.

Отсуствата по овие мерки да бидат на терет на работодавците, согласно правилата за боледување и тоа на вакцинираните со 90 отсто од плата, а на невакцинираните или непрележани од корона вирус 70 отсто од плата.

Овие мерки ги бараме имајќи ги во предвид, досегашните факти дека најголем процент на заболени од корона се лица со дијабетес, а за жал во делот на починати тој процент е над 2/3 од вкупниот број.

Воедно потсетуваме дека кај лицата кои имаат средна и потешка форма на коронавирусот, од терапијата која се применува се појавува дијабетес и е зголемен бројот на корисници на инсулинска терапија.

Водејќи се од мотото дека јавното здравје не е бизнис и политика, а за здрава и работоспособна нација, се надеваме дека како итни мерки ќе бидат прифатени нашите барања, стои во барањето од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жежов: Со златни букви, 23 октомври 1893 година

Редакција

Топ пет професии со најголеми просечни плати во Македонија

Редакција

На Милошоски му застарува делото за „Моќник“, судските трошоци ќе ги платат граѓаните

Редакција