еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат за денар, а дизелот за половина денар по литар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар по литар, а дизел горивата поскапуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 79,5, а на Еуросупер БС-98 – 81,5 денари за литар, додека Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат по 71,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,509 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,722 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 1,601 отсто и кај дизелот за 0,766 отсто, како и за 1,005 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На јавно наддавање ќе се продава недвижен имот на ОХИС

Редакција

Водостопанство вработува 13 лица, плата до 19.000 денари

Редакција

Уште 30 можни производители на генетски модифициран ориз во Македонија

Редакција