еМагазин
Image default
Македонија

20 повредени лица во сообраќајка на три возила на излезот од Битола

Неколку лица се повредени од вкупно 20-те патници од трите возила што учествуваа во сообраќајната незгода која попладнево се случи во атарот на битолското село Кравари.

Од СВР-Битола за МИА потврдија дека сообраќајката се случила на „Краварски пат“ во 14:40 часот, во непосредна близина на тамошната бензиска пумпа.

Во сообраќајката учествувале комбе, патничко возило и товарно возило.

По сообраќајката лекарска помош во Битолската клиничка болница помош побарале 20 лица.

Кај 14 лица се констатирани лесни, а кај шест потешки повреди. Бидејќи кај ниту едно лице не се констатирани тешки телесни повреди, ниту едно лице не е хоспитализирано, односно не се задржани лица на болничко лекување.

– Причините за сообраќајката ги утврдуваат полициски службеници, известија од СВР-Битола.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Негувателка обвинета за малтретирање на две деца, мајката забележала кога децата се бранеле од неа кога таа се приближувала

Редакција

За десет години бројот на основци се намалил за 13.5 отсто, а на средношколци за дури 24.4 отсто

Редакција

Мијалков на судењето за „Плацови на Водно“: Освен што ме спомна Алек Теранова, ниту еден друг материјален или вербален доказ не е изведен против мене

Редакција