еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието ќе предложи Декларација за Гоце Делчев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во текот на денешниот ден по повод 150 години од раѓањето на макеедонскиот револуционер Гоце Делчев во македонското Собрание ќе поднесе Декларација која што ќе ги исцрта позициите по прашањето за Гоце Делчев.

-Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи во рамките на Парламентот, Декларација со која што јасно ќе ги исцртаме нашите позиции по прашањето на Гоце Делчев, нагласи Мицкоски.

На прашањето доколку би бил премиер дали заедно со Крили Петков би положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, претседателот Мицкоски рече да само доколку бугарскиот премиер Петков се сложи дека Гоце Делчев се борел за своја македонска независна држава.

Ако Петков се сложи дека Гоце Делчев е Македонец и се борел за своја македонска независна држава, тогаш немам никаков проблем, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се ќе биде дел од македонската и бугарската делегација за заедничко чествување на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест починати лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.435

Редакција

Заев на Мечкин камен, Пендаровски на Водно, Џафери во Пелинце за Илинден

Редакција

Што се нашла полицијата: Детали од Обвинителството за притворот за Моника

Редакција