еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петков: Ја славиме годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови, бугарскиот револуционер Делчев

Бугарскиот премиер Кирил Петков се огласи на Фејсбук по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

„Денеска ја славиме 150-годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови во нашата историја – бугарскиот револуционер Гоце Делчев.

Тој е еден од симболите на борбата за слобода, идеолог на македонско-одринското револуционерно ослободително движење.

Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со луѓето од Северна Македонија. Тој е една од личностите кои ги прават горди и двата народа“, напиша Петков на неговиот Фејсбук-профил.

Во Скопје пак денеска, како дел од заедничкото чествување на јубилејната 150 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев свежо цвеќе на вечното почивалиште на Делчев принесе и делегација на Владата на Република Бугарија, предводена од министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, придружувана од заменичката-министерка за надворешни работи Велислава Петрова, заменик-министерот за култура, Јуриј Велковски и амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов.

Македонската делегација ја предводеше министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и заменичката-министерка за надворешни работи, Фатмире Исаки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Пендаровски Кирил Петков зборува како Нелсон Мендела споредено со неколкумина министри од владата на Борисов

Што пишува во декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието на предлог на СДСМ, ја изгласа мајка му на Боки 13, за член на Комисијата за слободен пристап до информации

Редакција

Кабинет на Орбан: Ниту унгарската држава, ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Редакција

Починаа уште седум лица од Ковид-19, вкупно 2.510

Редакција