еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Беќаровски: Во светот од Ковид-19 починале 828 лица на еден милион, а во Македонија 4.392

Повеќе од 10 милијарди и 300 милиони вакцини против Ковид-19 веќе се аплицирани. Секој човек на планетава во просек примил 1,32 дози, пишува доктор Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил.

„Кубанците се највакцинирана нација во светот и секој Кубанец примил во просек 3.06 дози. Во Куба починале 8.234 Кубанци односно 512 на милион жители.

Во Македонија се аплицирани околу 1.8 милиони дози, односно во просек секој Македонец примил 0.91 дози. Во Македонија досега починаа 8.626 граѓани, односно 4.392 граѓани на милион жители.

Во Македонија >30% од населението верува дека вакцините убиваат, чипираат, стерилизираат, дегенерираат….

Во светот починале 5,8 милиони луѓе од Ковид-19, или 828 луѓе на 1.000.000 жители.

Кубанците веруваат во наука и социјализам, Македонците во теории на завери и бога,“ пишува Беќаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Беќаровски објаснува кои се најчестите пост-ковид симптоми кај прележаните, кои се повеќе бараат помош по клиниките

Доктор Мојсоски: Причина за големата смртност од Ковид-19 е недостатокот на кадар и неорганизиран здравствен систем

Фото: Фејсбук/Хелсиншки комитет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКСКЛУЗИВНО: Лидл купи земјиште и во Кавадарци

Редакција

Јовески: Амнестијата е политичка одлука, доколку зависеше од мене немаше да се случи

Редакција

Едно лице е убиено кај Мавровка

Редакција