еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поради пожар кај трафостаницата во Пинтија, поголем дел од Скопје остана без струја

Изгаснат е пожарот што доцна попладнето избувна на стрништето спроти трафостаницата во Пинтија, предизвикувајќи оштетувања на високонапонската инсталација поради што поголемиот дел од Скопје остана без струја.

На местото се противпожарни екипи со две возила кои успеаја да го изгасната огнот, како и припадници на полицијата.

Од МЕПСО информираа дека напојувањето со електрична енергија било прекинато поради пожарот во близина на трафостаницата за да можат да интервенираат противпожарните единици.

Речиси цело Скопје беше без електрична енергија од 17:15 до 18:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЕПСО: Испад на далекувод и пожар во близина на трансформатор, причина за прекинот на струја во Скопје

Поради прекин на струјата, скопјани останаа и без парно чие што снабдување ќе се стабилизира вечерва

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британец пронајден мртов во хотел во Тетово

Редакција

Каракачанов изгуби во Бугарија, ама победи во Македонија

Редакција

Да помогнеме: „Хак бус“организира бесплатен повратен превоз до Албанија до 1 декември

Редакција