еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Фатмире Исаки, старо-новата заменик министерка за надворешни работи

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите заменици министри.

Која е Фатмире Исаки

Фатмире Исаки е старо-новата заменик министерка за надворешни работи.

Родена е во 1982 година во Тетово.

Во 2005 година дипломирала англиски јазик и литература на Факултетот за педагошка и методолошка обука на „Универзитетот на Југоисточна Европа“ (ЈИЕ).

Во 2011 година магистрирала англиска книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитет во Тетово.

Докторант е на Филолошки факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ – Скопје.

Зборува англиски и турски јазик.

Професионална и политичка кариера

Во периодот од 2005 -2007 година работела како професор по англиски јазик во неколку основни училишта во Тетово.

Од 2007 до 2014 година работела во приватното училиште за јазици “Нетинг“.

Од 2007 година работела како професор по англиски јазик и книжевност на Универзитетот во Тетово.

Таа е автор и коавтор на повеќе стручни трудови објавени во научни списанија.

Во 2005 година станува портпарол на Демократската партија на Албанците, а во 2006 година почнува да работи како претседател на Форумот на жени во огранокот на ДПА во Теарце.

Во 2017 година е назначена за советник во советот на Општина Теарце.

Во 2020 година е назначена за претседател на Унијата на жените на ДПА. Истата година  ја презема должноста потпретседател на Демократската партија на Албанците, и е кандидат за пратеник на ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во биографијата на Агим Нухиу, старо-новиот заменик министер за правда

Кој е Назим Буши, старо-новиот заменик министер за внатрешни работи

Кој е Башким Хасани, старо-новиот заменик министер за одбрана

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Третата доза може да почека: Експертите советуваат најпрво да се имунизираат невакцинираните

Редакција

Убава приказна која го освои Балканот: Албанци во Тетово му помогнаа на Србин од Ниш да ја поправи колата

Редакција

Јануари екстремно топол, над просекот за 3,3 степени

Редакција