еМагазин
Image default
Македонија

Починаа четворица пациенти од Ковид-19 во штипското Инфективно одделение

На штипското Инфективно одделение четворица пациенти ја загубија битката со коронавирсуот.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека две лица се од Кочани на возраст од 60 и 76 години, и по едно лице на 68 години од Штип и едно од Радовиш на 78 години.

Според извештајот од болницата, во последните 24 часа новопримени пациенти нема, а оздравени се тројца пацинети.

Со ова бројот на хоспитализирани е намален, односно на болничко лекување се 38 ковид пациенти, од кои 35 на Инфективното и тројца пациенти на Кожното одделение. Загрижувачки е што 82 проценти од хоспитализираните се на кислородна поддршка, односно 31 лице имаат потреба од кислород.

Вакцинирани се 17 лица, а слободни се 32 кревети.

Во општините од источниот регион  активни се 379  слуачи, најмногу во Штип 119 и во Кочани 118. Двоцифрена е бројката во останатите општини, освен во Пехчево каде по подолг временски период бројката се спушти под десет.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вонреден инспекциски надзор во објект во Струга за кој има сомнение за нелегална гинеколошка ординација

Редакција

Од Ковид-19 починаа 12 лица, најмладите на 37 и 48-годишна возраст

Редакција

„Обвинувањата се целосно неосновани“: Реакција на Руската амбасада за протерување на дипломатите од Македонија

Редакција