еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Канада ги олеснува мерките за влез во државата

Канадските власти соопштија за олеснување на проверките и правилата воведени поради Ковид-19 за патниците кои пристигнуваат на нејзините граници, а исто така нема повеќе да се бараат ПЦР тестови.

– Објавувам дека ги олеснуваме нашите гранични мерки, изјави канадскиот министер за здравство Жан Ив Дукло на прес-конференција.

Според него, „овие промени се можни не само затоа што го поминавме врвот на сојот омикрон, туку затоа што Канаѓаните низ целата земја ја слушаат науката и експертите, ги почитуваат мерките за јавно здравје и преземаат чекори за да се заштитат себе си, нивните семејства и нивните заедници“.

Олеснување на мерките претходно најавија и некои други европски земји, меѓу кои и Белгија.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починатата од корона вирусот немала контакт со потврден случај

Редакција

Нови 489 случаи на Ковид-19 од 1.892 тестирања

Редакција

Во сообраќајка кај обиколницата Богданци загина 46-годишен маж кој возел мопед

Редакција