еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Рускиот амбасадор во ЕУ, Чижов ги отфрли американските предупредувања за можен руски напад врз Украина денеска

Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, ги отфрли американските предупредувања за можен руски напад врз Украина денеска.

– Што се однесува до Русија, можам да ве уверам дека денеска нема да има напад. Нема да има ескалација ниту наредната недела, ниту во неделата потоа, ниту во наредниот месец.

Војните во Европа ретко започнуваат во среда, пишува Чижов во текст објавен во денешното издание на германскиот дневен весник Ди Велт.

Американската администрација предупреди дека е можен руски упад во Украина пред затворањето на Зимските олимписки игри во Кина во недела.

САД и нивните сојузници во НАТО тврдат дека Русија подготвува напад врз Украина, обвинување кое Москва го негира.

Чижов ги осуди забелешките на САД за можен напад врз Украина.

„Кога обвинувате – кока кажувате особено многу сериозни обвинувања против Русија – имате и одговорност да презентирате докази. Во спротивно тоа е клевета. Па, каде се доказите?“, напиша рускиот дипломат.

Амбасадорот повторно го повика Западот сериозно да ги сфати безбедносните грижи на Русија.

Кремљ побара НАТО да ги ограничи активностите во Источна Европа и да вети дека нема да ги додаде поранешни советски републики, како Украина, како нови членки.

Москва, исто така, побара забрана за распоредување вооружени системи, вклучително и американски систем за противракетна одбрана, во близина на границите на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Столтенберг бара од Русија да ја повлече и воената опрема не само трупите

Русија повлекува дел од војниците на границата со Украина, дали ќе има деескалација на напнатоста?

МИА/Фото: Министерство за одбрана на Русија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жикол“ го доби тендерот на општина Богданци за реконструкција на локален пат вреден 345.000 евра

Редакција

Доделени наградите на МИМ за најдобри истражувачки приказни

Редакција

Од четврток топол бран, температури над 40 степени

Редакција