еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево со пролетни температури до 18 степени

Времето денеска во западните делови од земјата ќе биде со мала до умерена, а на истокот со значителна облачност.

Рано претпладне на југоистокот ќе има слаб локален дожд. До крајот на денот облачноста ќе се намали насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пендаровски присуствуваше на крунисување на британскиот Kрал Чарлс Трети и Кралицата Камила

Редакција

Почнува зимското сметање на времето: Вечерва стрелките на часовникот еден час назад

Редакција

Само едно лице од повредените македонски државјани во Италија остана во болница

Редакција