Микробиологот Никола Пановски уште еднаш го повтори ставот дека прележаните од Ковид-19 се позаштитени од вакцинираните.
„Последно што кажаа е дека 13 лица починале со стекнат природен имунитет од сите прележани, а некои од нив прележале пред 2 години. Од вакцинираните негде околу 1.000 е сега бројот.
И сега некој кажува, министерот Филипче, па го натера и премиерот, „нашите врвни стручњаци ни кажаа дека вaкцината е многу подобра од природниот имунинeт“. И тоа го кажуваа, и нас не множеа со нула и светот го множеа со нула,“ рече тој во интервју за емисијата во „Во центар“.
Тој уште еднаш повика на укинување на сертификатот, бидејќи за омикронот не е важно дали си вакциниран или не.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пановски: Заштитени се оние што го прележале делта сојот и што се вакцинирани со трета доза
Пановски: Ако го изгубите мирисот и вкусот имате Ковид-19, лицата над 60 години да примат трета доза