еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Со истекот на мандатот на уште еден судија во декември ќе дојде до блокада на Уставниот суд, предупредува Кацарска

Со истекот на мандатот на почетокот на декември годинава на судијата Вангелина Маркудова ќе настане блокада на Уставниот суд и со тоа дефинитивно угледот на Република Северна Македонија би бил максимално нарушен и пред меѓународната јавност, изјави претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска пред почетокот на дебатата на тема „Улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на здрава животна средина“.

Кацарска вели дека во тој случај нема да можат да држат седници и уште еднаш потенцираше дека односот на пратениците е несериозен.

– Повеќе пати сум кажала дека ваквиот однос на пратениците е несериозен. Како впрочем да не ја сфаќаат улогата на Уставниот суд. Така да во последно време си го поставувам и самата прашањето дали можеби некому одговара Уставниот суд да е во ваква ситуација, вели Кацарска.

Согласно Деловникот, појаснува таа, имаат надлежност да работат и со пет судии. Вели доволно е да се присутни само пет судии за да се држи седница. Меѓутоа, потенцира, тежината на одлуките кои ги носат дури и оние кои се носат едногласно со пет гласови „за“, е сепак поинаква во споредба доколку за таа одлука би дискутирале сите девет судии.

– Не залудно Уставот предвидува девет судии да го сочинуваат Уставниот суд. Има многу битни предмети за граѓаните на оваа држава и несериозно би било за тие предмети да одлучуваме само пет судии.

Ние можеме да одлучуваме за сите предмети, за среќа немаме предмет за кој ни е потребно двотретинско мнозинство, но, зарем само пет судии треба да дискутираме за указите за Преспанскито договор, за Законот за употреба на јазиците каде што е оспорена уставноста не само на указите, туку и на законите во целост.

Несериозно би било ние пет судии да донесеме одлука која е толку битна за граѓаните и за иднината на оваа држава, нагласи Кацарска.

Претседателката на Уставниот суд вели дека единствена надлежност што ја имаат е да се обратат писмено до претседателот на Собранието пред истекот на мандатот на некои од судиите. Потсети дека уште во април минатата година претседателот на Собранието, Талат Џафери е информиран дека на тројца судии престанува мандатот.

Потоа и во ноември, Кацарска испратила писмо до Џафери со кое го информирала дека на еден судија му престанува мандатот на 14 јануари, но испратила и писмо со апел да се изнајде начин да се изберат овие четири судии.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драматичен раст: Бројот на загинати во земјотресот во Авганистан се искачи на над 950

Редакција

Само е каменуван, не е и ограбен: МВР со детали за српскиот автобус

Редакција

Државна ревизија констатирала неправилности во работата на Државниот инспекторат за труд

Редакција