еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Сведоштво на Македонка која ја напушта Украина со автомобил: „Луѓето се во паника дека ќе немаат храна и бензин, има огромни гужви по патиштата“

Мери Амбросова е Македонка која живее во Украина со семејството, чиј што сопруг е Украинец. По нападот на Русија, таа денеска одлучила да ја напушти државата со автомобил, со нејзината ќерка Марта.

За да ја извози Украина, вели дека има 10 часа возење до граница, едвај излегле од Киев, а на автопатот имало огромна гужва.

Амбросова стравува дека нема да може да стигне до граница, бидејќи снемува бензин по бензиските, а по пат, секој автомобил го следувало по 20 литри бензин, ако имате среќа да начекате.

„Да се надеваме дека мене како странец ќе ме пуштат и дека на мојата ќерка Марта ќе ѝ дадат исто така дозвола да премине. Сопругот останува тука. Добри сме. Тука сите се истревожени.

Никој не очекуваше. Толку мирен народ и сето ова им се случува, јас сум во шок. Првпат во живот да почувствувам такви емоции.

Сите руски блогери изигруваат дека сè е во ред, никој не се побуни против ова што се прави. Буквално сите курсеви што се руски се поддржани од Украинци и никогаш немало ништо против Русите и ова е трагично што му се прави на овој народ.

До последно они беа за мир и сè да се реши по мирен пат, но ете тоа е. Благодарам на поддршката, не можам да ви вратам на сите во инбокс.

Киев беше блокиран, сега едвај излеговме на автопат, тука се невидени гужви.

Кај луѓето има паника дека нема да имаат ниту за храна, ниту за бензин. Имам уште 10 часа пат до граница, воопшто не ни знам дали ќе успеам да поминам дали не.

Мене ми се понуди помош за да излезам и тргнав кон Скопје. Благодарна сум за таа помош, инаку јас буквално немаше да знам што да правам,“ вели Амбросова, во видео на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Првични снимки од нападот на Русија на Украина

(ВИДЕО) Потресни снимки од Украина: Цивилите масовно ја напуштаат земјата

(ВИДЕО) Русија ја нападна Украина

Фото: Инстаграм/Амбросова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сметките да ги плаќаат навреме сите што имаат редовни примања – опасност постои од нарушување на ликвидноста на системите

Редакција

Припадници на КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен по убиството на косовскиот полицаец во северно Косово

Редакција

Дури 69 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот

Редакција