Воздушниот простор на Канада е затворен за сите руски авиокомпании, изјави денеска Омар Алгабра, министер за транспорт на Канада.
– Решението стапува во сила веднаш и канадскиот воздушен простор е затворен за сите руски воздухопловни оператори. Ќе ја повикаме Русија на одговорност за своите неиспровоцирани напади против Украина, изјави денеска Алгабра.
Канада се придружува на повеќе европски земји како Германија, Италија и Франција, но и повеќе источноевропски земји како Полска, Чешка, Романија и Бугарија, кои најавија или го затворија нивниот воздушен простор за руски авиони и авиокмпании, како одговор на инвазијата на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранет влез за руските авиокомпании во воздушниот простор на Македонија
МИА/Фото: Унсплаш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.